Мисија и визијаСтратегијаИсторијатeКнигаПромоции и критики Културно наследство Поети и писатели почетници Издавачи БиблиобусКалендариум Извештаи

Проекти

Анкета

Кои нови услуги би сакале да бидат воведени во Градската библиотека
 
Историјат PDF Печати Е-пошта

ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ” - СКОПЈЕ

 

Веднаш по ослободувањето на Скопје, во месец март 1945 година донесена е одлука за формирање библиотека во градот. По претходно извршените подготовки на 15 ноември истата година библиотеката ја започнува својата културно просветна дејност, со почетен книжен фонд од 3 500 публикации, од кои 500 книги биле детска литература. Дел од книжниот фонд со строга селекција бил преземен од предвоената библиотека која работела во Скопје од 1935 до 1940 година, а дел бил подарок од граѓаните на Скопје.
Од основањето па сÉ до крајот на 1955 година библиотеката функционира како Градска библиотека, а од 1956 година  е прогласена за околиска и е преименувана во Народна библиотека на Скопската околија, задолжена да делува како библиотечен центар за околијата.

Oд 1953 до крајот на 1955 година сите библиотеки во Скопје се под заедничка  управа на Градската библиотека.

Во 1962 година библиотеката е прогласена за матична библиотека на подрачјето на град Скопје, со што улогата на библиотечниот центар ја превзема матичната служба.
Како матична институција, Библиотеката вложува големи напори за ширење на библиотечната мрежа од подрачни библиотеки, во градски и селски населби. Сопствената библиотечна мрежа ја формира со отварањето на првите библиотечни клонови во селата: Студеничани, Булачани, Кучевиште и подрачната библиотека во населбата Тафталиџе познат под името „Димитар Влахов”.
Својата дејност библиотеката ја остварува и преку подвижната библиотека, оформена во 1972 година со почетен книжен фонд од 8 286 книги. Оваа библиотека    опслужува 14 села на поширокото градско подрачје. Книжниот фонд на подвижната библиотека е со над 60 000 библиотечни единици, а годишно се услужуваат околу 3 000 члена.
На 18.02.1974 година Градската библиотека „Браќа Миладиновци” - Скопје донесува одлука за спојување со другите самостојни библиотеки на општината на град Скопје и за формирање на библиотеката „Браќа Миладиновци”. Така Градската библиотека „Браќа Миладиновци” - Скопје се спојува со библиотеките „Цветан Димов” - Скопје, „Страшо Пинџур” - Скопје и „Другарче” - Скопје.
Денес во составот на Градската библиотека „Браќа Миладиновци” работат трите централни библиотеки и 20 библиотечни клонови.
Библиотеката во текот на своето постоење е повеќе пати преселувана. Најнапред била сместена во дел од зградата на ОУ „Гоце Делчев” во простор од 200 м2. Меѓутоа поради перманентното зголемување на книжниот фонд и проширувањето на дејностите во библиотеката, просторот станува сериозна пречка за нејзиниот понатамошен развој. Поради оштетеноста од земјотресот во 1964 година библиотеката е преместена во една монтажна барака од 520 м2 во населбата „Карпош 1” каде останува сÉ до 1973 година кога е изградена новата библиотечна зграда во која Градската библиотека „Браќа Миладиновци” и денес ја остварува својата дејност.

За успешните резултати на Библиотеката во изминатиов период, придонесува и квалитетно решеното просторно прашање. Објектот е наменски проектиран и изграден за обавување на библиотечна-информативна дејност и е еден од најфункционалните библиотечни простори во Македонија.

Во далечната 1945 година, Библиотеката својата дејност ја остварувала со вкупно 4 вработени, од кои 1 со високо образование, 2 со средно и 1 со основно образование. Меѓутоа денес библиотечниот кадар во Библиотеката и по бројност и по образование е значително изменет, тој е квалитетно стручно оспособен за обавување и на најсложените стручни библиотечни процеси.

Целокупниот книжен фонд обработен е според меѓународните стандарди за обработка на монографски и сериски публикации. Покрај задолжителните азбучни и стручни каталози според МДК, Библиотеката изработува и централен каталог, со што има комплетен увид за состојбата и структурата на книжните фондови во сите подрачни библиотеки.

Градската библиотека „Браќа Миладиновци”, согледувајќи ја потребата за автоматизирана обработка на библиотечниот материјал, се опреми со компјутерска и комуникациска опрема и во 2004 година се вклучи во Кооперативниот онлајн библиографски сиостем и сервис (COBISS). За успешно реализирање на овие процеси, дел од библиотечниот кадар посетуваше курс за взаемна каталогизација, организиран од страна на ИЗУМ за сите библиотеки корисници на COBISS. Вака опремена библиотеката претставува современ библиотечен-информативен центар, кој во голема мера придонесува за осовременување и развивање на библиотечната дејност во градот Скопје, но и пошироко во Р. Македонија.

 

Мудрите за книгата


Notice: Trying to get property of non-object in /home/gbskmk/public_html/2015/plugins/content/vote.php on line 23

„За повеќето луѓе животот е грдо време, застануваат и чекаат да помине. - Џек Лондон“