Мисија и визијаСтратегијаИсторијатeКнигаПромоции и критики Културно наследство Поети и писатели почетници Издавачи БиблиобусКалендариум Извештаи

Проекти

Анкета

Кои нови услуги би сакале да бидат воведени во Градската библиотека
 
ИСТОРИЈАТ НА БИБЛИОТЕКАТА PDF Печати Е-пошта

Денес кога новите електронски средства покрај вообичаеното секојдневното комуницирање го менуваат и начинот на изразување, денес кога се смета дека компјутерската технологија и Интернетот дефинитивно ќе покажат дека печатење на книги е излишно и дека електронската копија го означува крајот на печатената книга - ситуацијата е дијаметрално спротивна. Книгата и натаму трае, опстојува, а во светот и понатаму се прават големи „фараонски згради” за нејзиниот комотен престој и во дваесет и првиот век, по и во вековите кои ќе следат. Нивниот заеднички соживот со новите современи технологии не само што не згаснува, туку уште поинтензивно продолжува мистеријата и магијата на книгата и библиотеката и нивната вечна симбиоза. Иако се неми, тие вечно говорат, а човекот и човештвото вечно ги слушаат и ќе ги слушаат, бидејќи тоа е гласот на бесмртните книги сместени во бесмртните светилишта на мудроста и знаењето од кои ќе се црпат искуствата и за иднината.


Почетоците на богатата македонска културна историја нераскинливо се поврзани и извираат од епохалното и грандиозното дело на солунските браќа Кирил и Методиј. Тие на словенскиот народ му го поклонија светилникот на првата писменост и првите книги со што го отпочнаа процесот на нивниот севкупен цивилизациски развој. Со нивното огромно просветителско дело тие ги поставија и темелите на библиотекарството како една од најзначајните културно-просветни содржини на културната историја на словенските народи, а во тој контекст и на македонскиот народ.

Нивното дело со уште поголем жар го продолжиле Светите Климент и Наум Охридски развивајќи плодна културно - просветна дејност. Охрид постанал првиот град кај Јужните Словени со својата библиотека што ја основал Св. Климент Охридски во манастирот Св. Пантелејмон, прва манастирска библиотека во која биле сместени делата на сесловенските просветители - светите Кирил и Методиј, како и новосоздадените поучителни, похвални и други дела создадени од Св. Климент и Наум Охридски, но и од други автори. Со овој светол историски и културен чин се отвара уште една нова светла страна во историјата на македонското библиотекарство, но и на историјата и богатата традиција на библиотекарството кај Јужните Словени, и пошироко.

По примерот на манастирите „Св. Пантелејмон” и „Св. Наум” и други македонско-словенски светилишта, настапил еден нов бран на пројавување на нови значајни светилишта со надалеку прочуени училишта, библиотеки и скрипториуми. Свети Климент Охридски го формирал првиот и најстариот Универзитет во Европа (уште пред Болоњскиот универзитет форми-ран во 1088 година), а неговата библиотека која се споменува во житието на Теофилакт, заедно со библиотеката на Свети Наум Охридски, го означуваат почетокот на историјата на библиотекарството на Македонија.

Библиотекарството во Македонија, со својата десетовековна традиција, со определени развојни амплитуди, уништувања, грабежи продолжи да егзистира и да ја остварува својата културно и просветителска мисија до денешни дни во самостојна Република Македонија.

 

 

ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ” - СКОПЈЕ

 

Веднаш после ослободувањето на Скопје, во месец март 1945 година донесена е одлука за формирање библиотека во градот. По претходно извршените подготовки на 15 ноември истата година библиотеката ја започнува својата културно просветна дејност, со почетен книжен фонд од 3.500 публикации, од кои 500 книги биле детска литература. Дел од книжниот фонд со строга селекција бил преземен од предвоената библиотека која работела во Скопје од 1935 до 1940 година, а дел бил подарок од граѓаните на Скопје.

Од основањето па се до крајот на 1955 година библиотеката функционира како Градска библиотека, а од 1956 година кога е прогласена за околиска и е преименувана во Народна библиотека на Скопска-та околија, задолжена да делува како библиотечен центар за околијата.

Периодот од 1953 до крајот на 1955 година, е период кога сите библиотеки во Скопје се под заедничка управа, односно сите се под управа на Градската библиотека. Тоа подразбира дека Градската библиотека била главен носител за развој на библиотечната дејност во библиотечните клонови во градот.

Во 1962 година библиотеката е прогласена за матична библиоте-ка на подрачјето на град Скопје, со што улогата на библиотечниот центар ја превзема матичната служба, која плански и организирано се грижи за развојот на библиотечната мрежа.

Како матична институција, Библиотеката вложува големи напори за ширење на библиотечната мрежа од подрачни библиотеки, во градски и селски населби. Сопствената библиотечна мрежа ја формира со отварањето на првите библиотечни клонови во селата: Студеничани, Булачани, Кучевиште и подрачната библиотека во населбата Тафталиџе познат под името „Димитар Влахов”.

Својата дејност библиотеката ја остварува и преку подвижната библиотека, оформена во 1972 година со почетен книжен фонд од 8.286 книги. Оваа библиотека сакајќи да ја доближи книгата поблиску до читателот и во најоддалечените места, успева да опслужи 14 села на поширокото градско подрачје. Книжниот фонд на подвижната библио-тека е со над 60.000 библиотечни единици, а годишно се услужуваат околу 3.000 члена.

На 18.02.1974 година Градската библиотека „Браќа Миладиновци” - Скопје донесува одлука за спојување со другите самостојни библиотеки на општината на град Скопје и за формирање на библиотеката „Браќа Миладиновци”. Така Градската библиотека „Браќа Миладиновци” - Скопје се спојува со библиотеките „Цветан Димов” - Скопје, „Страшо Пинџур” - Скопје и „Другарче” - Скопје.

Денес во составот на Градската библиотека „Браќа Миладиновци” работат трите централни библиотеки и 20 библиотечни клонови.

Библиотеката во текот на своето постоење е повеќе пати преселувана. Најнапред била сместена во дел од зградата на ОУ „Гоце Делчев” во простор од 200 м2. Меѓутоа поради перманентното зголемување на книжниот фонд и проширувњето на дејностите во библиотеката, просторот станува сериозна пречка за нејзиниот понатамошен развој. Поради оштетеноста од земјотресот во 1964 година библиотеката е преместена во една монтажна барака од 520 м2 во населбата „Карпош 1” каде останува се до 1973 година кога е изградена новата библиотечна зграда во која Градската библиотека „Браќа Миладиновци” и денес ја остварува својата дејност.

За успешните резултати на Библиотеката во изминатиов период, придонесува и квалитетно решеното просторно прашање. Објектот е наменски проектиран и изграден за обавување на библиотечна-информативна дејност и е еден од најфункционалните библиотечни простори во Македонија.

Во далечната 1945 година, Библиотеката својата дејност ја остварувала со вкупно 4 вработени, од кои 1 со високо образование, 2 со средно и 1 со основно образование. Меѓутоа денес библиотечниот кадар во Библиотеката и по бројност и по образование е значително изменет, тој е квалитетно стручно оспособен за обавување и на најсложените стручни библиотечни процеси.

Целокупниот книжен фонд обработен е според меѓународните стандарди за обработка на монографски и сериски публикации. Покрај задолжителните азбучни и стручни каталози според МДК, Библиотеката изработува и централен каталог, со што има комплетен увид за состојбата и структурата на книжните фондови во сите подрачни библиотеки.

Градската библиотека „Браќа Миладиновци”, согледувајќи ја потребата за автоматизирана обработка на библиотечниот материјал, се опреми со компјутерска и комуникациска опрема и во 2004 година се вклучи во Кооперативниот онлајн библиографски сиостем и сервис (COBISS). За успешно реализирање на овие процеси, дел од биб-лиотечниот кадар посетуваше курс за взаемна каталогизација, органи-зиран од страна на ИЗУМ за сите библиотеки корисници на COBISS. Вака опремена библиотеката претставува современ библиотечен-информативен центар, кој во голема мера придонесува за осовременување и развивање на библиотечната дејност во градот Скопје, но и пошироко во Р. Македонија.

 

Мудрите за книгата


Notice: Trying to get property of non-object in /home/gbskmk/public_html/2015/plugins/content/vote.php on line 23

„Почни на врвот и гради го својот успех нагоре.“