Мисија и визијаСтратегијаИсторијатeКнигаПромоции и критики Културно наследство Поети и писатели почетници Издавачи БиблиобусКалендариум Извештаи

Проекти

Анкета

Кои нови услуги би сакале да бидат воведени во Градската библиотека
 
БИБЛИОТЕКА “ЦВЕТАН ДИМОВ“ PDF Печати Е-пошта

ОРГАНИЗАЦИОНА ЕДИНИЦА  „ЦВЕТАН ДИМОВ“-СКОПЈЕ СО КЛОНОВИ

Библиотеката „Цветан Димов“ e една од најстарите библиотеки во градот. Датира од 1947 година и од самото постоење до  денес е мултиетничка, единствена во од таков вид во нашиот главен град.
Според организациската поставеност  Централната библиотека Цветан Димов со своите клонови е многу важен сегмент во мозаикот од билиотеки, кои ја сочинуваат Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје.
Библиотеката „Цветан Димов“ и нејзините клонови: „Св. Наум Охридски” , „Ѓорѓи Абаџиев”, „Кочо Рацин”, „Коле Неделковски” и „ 25 Мај “ се лоцирани на територијата на три скопски општини: Бутел, Гази Баба и Чаир.
Белетристиката, новите светски хитови на врвните мајстори на пишаниот збор, лектирните изданија како и научните изданија се предмет на постојан интерес на читателската публика.
Како мултиетничка библиотека, нашата институција поседува литература на повеќе јазици: македонски, албански, турски, српски итн., како белетристика, така и литература од повеќе научни области. Централната библиотека „Цветан Димов“ е лоцирана во новата зграда на општина „Чаир“.

Работно време:
понеделник – петок од 08.30 – 20.00 ч.

Адреса:
Ул. „Христијан Тодоровски Карпош“ бр.5,
Општина Чаир

Телефон:   02 2602-009

 

Мудрите за книгата


Notice: Trying to get property of non-object in /home/gbskmk/public_html/2015/plugins/content/vote.php on line 23

„Три пати стани порано и на својот живот ќе му додадеш уште еден нов ден.“