Мисија и визијаСтратегијаИсторијатeКнигаПромоции и критики Културно наследство Поети и писатели почетници Издавачи БиблиобусКалендариум Извештаи

Проекти

Анкета

Кои нови услуги би сакале да бидат воведени во Градската библиотека
 
Мисија и визија PDF Печати Е-пошта

Промените во меѓусебната комуникација, пристапот до информации, потребата од нови ресурси, ја истакнуваат потребата од оперативно и ефективно раководење во општеството и потребата од нови пристапи до услугите и ресурсите кои ги нуди библиотеката. Библиотеката мора да еволуира на начин кој ќе ги повразува двата дела од промената, разноликостите на нашите корисници, од една страна и обезбедување еднаков пристап до светот на идеите, на сите членови на градската заедница,. Резултатите од аналитичните серии на разговори околу иднината на културните институции се основната насока по која ќе се движи библиотеката за време на периодот на внатрешната транзиција, исто како и во насока на надворешните општествени и технолошки промени. Планот е наменет за да обезбеди визија и насока, во согласност со вистинските библиотечни вредности, бидејќи Библиотеката, смислено и смело, ги прифаќа новите предизвици и можности, сè во корист на своите корисници. Основната цел на библиотеката треба да претставува ЗАДОВОЛУВАЊЕТО НА ПОТРЕБИТЕ И ИНТЕРЕСИТЕ НА СИТЕ ВОЗРАСТИ НА ЧИТАТЕЛСКА ПУБЛИКА, согласно основниот, темелен ресурс на нашето време, а тоа е ИНТЕЛЕКТУАЛНИОТ КАПИТАЛ, бидејќи денес конкуренцијата главно се гради на знаење. Општество кое се насочува кон одредницата ,,организирана заедница” мора да еманира и културни вредности т.е. да апсорбира културно живеење кое го подразбира ,,интересот на реалните граѓани во реалните заедници” .

Од слоевитоста на истражувањето кое предходи на акцискиот план од Стратегијата, ги извлекуваме клучните теми во водењето и развојот на стратешкиот план.

- ЛИТЕРАТУРНА ДЕЈНОСТ

Поддршката на посветеноста на читањето и учењето останува основно јадро на Библиотеката и затоа квалитетот и квантитетот на библиотечните колекции се од огромно значење за корисниците. Промовирање на литературата и љубовта кон читањето - препознавајќи во виталното значење на читањето, можност за отварање на нови хоризонти, Библиотеката се залага да ги подржи сите корисници да бидат доживотни читатели. Затоа, потребно е и агресивно унапредување на дигиталните ресурси заради пристап на корисниците до информациите, и тоа, во форми кои им се најдостапни. Даваме поддршка на децата и младите - се стремиме кон приклучување на родителите, едукаторите и младите луѓе во кампањата за подигањето на свеста за важноста од зголемен број на читатели и корисници. Ние ги препознаваме приоритетите од напорите да се затворат образовните празнини.

- ЈАВЕН СЕРВИС НА ГРАЃАНИТЕ

Заштита на приватноста на корисниците - Библиотеката ја почитува потребата од заштита на личните информации и барања на корисниците, онлајн пристапите до веб страниците, како и нивниот статус на позајмени книги. Почитување и прифаќање на целата заедница - Ние ја славиме и поддржуваме разновидноста на градот Скопје, со цел да обезбедиме луѓето да се чуствуваат добредојдени во Библиотеката. Се стремиме да ги препознаеме потребите и очекувањата на секој корисник на Библиотеката и активно ја поддржуваме борбата против предрасудите, стереотипите и дискриминацијата.

- ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО

Поттикнување на здрава демократија. Библиотеката е посветена на градење информирана заедница и обезбедување на неутрален терен, каде учеството во цивилниот живот е отворен за сите. Библиотеката игра централна улога во градот Скопје и неговите населби. Сега, повеќе од било кога, библиотеката треба да ја зајкне демократијата преку граѓански ангажмани во дискусии и размена на информации. Преземајќи ја оваа улога таа ќе биде чекор понапред, бидејќи со тоа Библиотеката не треба да чека луѓето да влезат низ врата, напротив, таа ќе е активна надвор, ќе ги слуша барањата на луѓето и ќе ги поврзува со библиотечните ресурси, онаму каде што се тие.

- ЈАВНИ И ПРИВАТНИ ПАРТНЕРСТВА

За доближување до овие амбициозни цели, Библиотеката мора да се обедини со јавноста, заедницата и бизнис организациите за да ги прошири своите домени преку стратешки партнерства. Способноста на Библиотеката активно да ги збогатува животите на жителите на Градот, бара создавање на културна организација која охрабрува дејствување преку иновации и експериментирање. Формираме силни партнерства - Библиотеката го проширува својот домен и влијание во заедницата преку партнерства со индивидуалци, јавните и непрофитните организации, агенции, групи од заедницата, едукатори и бианисмени.

-- КРЕАТИВНИ ИНДУСТРИИ

Се прилагодуваме и инвентираме. За да останеме достојни кон новите барања и интереси на своите корисници, континуирано се прилагодуваме и прифаќаме сè што е ново и напредно. Ние сме институција која постојано се надградува и инвестира во своите вработени, во технологијата и инфраструктурата за да ја потврди својата дејност.

 

Нов коментар


Сигурносен код
Нов код

Мудрите за книгата


Notice: Trying to get property of non-object in /home/gbskmk/public_html/2015/plugins/content/vote.php on line 23

„Кога зборуваш за својот непријател не заборавај дека еден ден може да ти биде пријател.“