Мисија и визијаСтратегијаИсторијатeКнигаПромоции и критики Културно наследство Поети и писатели почетници Издавачи БиблиобусКалендариум Извештаи

Проекти

Анкета

Кои нови услуги би сакале да бидат воведени во Градската библиотека
 
Културно наследство PDF Печати Е-пошта

Јадрото на Градската библиотека „Браќа Миладиновци" го сочинува репрезентативна збирка на стари и ретки книги, но и значајна колекција на уметнички слики, акварели и цртежи од Македонската современа ликовна уметност, кои се единствени по својата вредност.

Преку оваа збирка публиката има ретка можност да се запознае со неколку вредни ре- мек-дела на Македонската Модерна, меѓу кои и дела на тројца од македонската доајенс- ка седморка, Димитар Аврамовски Пандилов, Вангел Коџоман и Томо Владимирски. Димитар Пандилов, првиот македонски импресионист, со чија изложба во 1926 година, хронолошки, почнува модерната уметност во Македонија.

Вангел Коџоман инспириран од родната Струга, со распеан лиризам и сезановска анали- тичност во своите слики.

Томо Владимирски, пејсажист, сликајќи ги природните убавини на Македонија, во поче- токот со елементи на реализам, подоцна минувајќи ја фазата на импресионизам и задр- жувајќи се на лирски експресионизам.

Плејада на истакнати ликовни уметници, кои оставија свој белег во Македонската Мо- дерна, ја дополнуваат оваа збирка, сопственост на Градската библиотека. Томо Шијак, носител на авангардни сфаќања и компоненти во нашата современа уметност. Глигор Чемерски, кој прв ја внесува во македонското сликарство гестикулацијата, чистиот потег како нова сликарска доблест. Васко Ташковски, значаен претставник на македонскиот надреализам. Владимир Георгиевски, кој „црта" со боја. Трајне Јанневски, сликајќи ја човечката фигура или фигурата на некое животно, го совладува просторот со елементи на „магичен реализам". Коле Манев, на оригинален начин стана една од централните фигури во нашата уметност, сликајќи портрети и човечко тело предадено во разни вари- јанти. Данчо Ордев со богат колорит и стилизиран сезановски пејсаж, Гоце Божурски и Димитар Стојчевски.

Богатството на Градската библиотека, прикажано преку колекцијата на уметнички слики, претставува скапоцен дел од сведоштвото за историјата на македонската култура, за творечките настојувања и достигнувања на доајените на Македонската Модерна, нивните следбеници и новите генерации ликовни уменици.

Јулија Темелкова историчар на уметност

Каталог

1. ДИМИТАР ПАНДИЛОВ

ВРАЌАЊЕ / RETURNING, 1945, масло на платно, 85x65 см. дат. и сигн. д.д.: 1945 Д. Пандилов

сопст. Градска библиотека „Браќа Миладиновци", Скопје

2. ВАНГЕЛ КОЏОМАН

ПАЗАР / BAZAAR, 1948, масло на шперплоча, 51x72 см. дат. и сигн. д.д.: 1948 В. Коџоман

сопст. Градска библиотека „Браќа Миладиновци", Скопје

3. ВАНГЕЛ КОЏОМАН

СТРУГА / STRUGA, 1949, масло на шперплоча, 48x35 см. дат. и сигн. д.д.: 1949, В. Коџоман

сопст. Градска библиотека „Браќа Миладиновци", Скопје

4. ТОМО ВЛАДИМИРСКИ

МЕЧКИН КАМЕН / MECKIN KAMEN, б.г., масло на платно, 60x68 см. сигн. д.д.: Т. Влад.

сопст. Градска библиотека „Браќа Миладиновци", Скопје

5. ТОМО ШИЈАК

ПЕЈСАЖ / LANDSCAPE, 1978, масло на платно 100x7 см. дат. и сигн. д.д.: 1978 Т. Шијак

сопсг. Градска библиотека „Браќа Миладиновци", Скопје

6. ГЛИГОР ЧЕМЕРСКИ

СРТ / RIDGE, 1973, масло на платно, 63x63 см. дат. и сигн. д.д.: 1973 Чемерски

сопст. Градска библиотека „Браќа Миладиновци", Скопје

7. ВАСКО ТАШКОВСКИ

ВЕГЕТАЦИЈА / VEGETATION, б.г., масло на платно, 115x80 см. сигн. д.д.: В. Ташковски

сопст. Градска библиотека „Браќа Миладиновци", Скопје

8. ВЛАДИМИР ГЕОРГИЕВСКИ

МАРКО ЦЕПЕНКОВ / MARCO CEPENKOV, 1999 масло на платао, 60x80 см. дат. и сигн. д.д.: 1999 В.Г.

сопст. Градска библиотека „Браќа Миладиновци", Скопје

9. ТРАЈЧЕ ЈАНЧЕВСКИ

СТРЕЛЕЦ / ARCHER, б.г., масло на платно, 90x70 см. сигн. д.д.: Т. Јанчевски

сопст. Градска библиотека „Браќа Миладиновци", Скопје

10. KOЛE МАНЕВ

КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ / KRSTE PETKOV MISIRKOV б.г. масло на платно, 100x119 см. сигн. д.д.: МАНЕВ

сопсг. Градска библиотека „Браќа Миладиновци", Скопје

11. KOЛE МАНЕВ

АНТЕ ПОПОВСКИ / ANTE POPOVSKI, 1999 молив, 47x63 см.

дат. и сигн. д.д.: МАНЕВ Лазарополе 1999

сопст. Градска библиотека „Браќа Миладиновци", Скопје

12. ДИМИТАР СТОЈЧЕВСКИ

НЕОБИЧНА ЦИВИЛИЗАЦИЈА / UNUSUAL CIVILIZATION, 1972 масло на платно, 140x130 см. дат. и сигн. д.д.: 1972 ДиС

сопст. Градска библиотека „Браќа Миладиновци", Скопје

13. ДАНЧО ОРДЕВ, 1993 масло на платно, 73x83 см. дат. и сигн. д.д.: 1993 Д. Ордев

сопст. Градска библиотека „Браќа Миладиновци", Скопје

14. ГОЦЕ БОЖУРСКИ,

2003, комб. тех., 65x48 см. дат. и сигн. д.д.: 2003 Божурски

сопст. Градска библиотека „Браќа Миладиновци", Скопје

 

Мудрите за книгата


Notice: Trying to get property of non-object in /home/gbskmk/public_html/2015/plugins/content/vote.php on line 23

„На децата треба да им дадеме крилја, но да ги оставиме сами да се научат да летаат.“