Мисија и визијаСтратегијаИсторијатeКнигаПромоции и критики Културно наследство Поети и писатели почетници Издавачи БиблиобусКалендариум Извештаи

Проекти

Анкета

Кои нови услуги би сакале да бидат воведени во Градската библиотека
 
За нас PDF Печати Е-пошта

ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ , СКОПЈЕ

ЦЕНТРАЛНА БИБЛИОТЕКА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје претставува современ библиотечно-информациски сервис,  регионален и едукативен центар.


Богата програмска активност, многубројни услуги и акции кои перманентно ги нудиме за нашите членови се  можност за максимално користење на книжните фондови со кои располага библиотеката, пристап до информации следејќи ги светските трендови во областа на библиотекарството и информациските технологии, а со тоа подобрување на културниот и социјалниот живот на сите граѓани, особено на оние кои доаѓаат од другите градови. Нашата цел е секогаш библиотеката да биде центар на културните настани во градот.

Библиотеката располага со комплетно реновирани и современо опремени оддели и читални кои работат 24 часа, овозможувајќи пријатно место за сите читатели и пријатели на библиотеката.

Во составот на Централната библиотека „Браќа Миладиновци“ работат повеќе оддели:

 


Читални

Библиотеката располага со пет комплетно реновирани и климатизирани читални, чиј капацитет изнесува 150 седишта, од кои читална 1 работи  24 часа 7 дена во неделата. Право на користење на читалните имаат сите членови на библиотеката.

 

ЗБИРКА НА СТАРИ И РЕТКИ КНИГИ

Богатството на една библиотека се вреднува според бројот на книги, но и според колекцијата на раритетни изданија. Библиотеката има колекција на стари и ретки книги од 16, 17, 18, 19 век, значајни за науката, уметноста и културата.

1 .Збирка на старопечатени книги на македонски јазик до 1948

Збирката содржи 54 наслови на македонски јазик. Според жанрот преовладуваат дела од областа на: историјата, географијата, литературата, општественото право, психологија, педагогија и др. Збирката е важна бидејќи ги содржи првите изданија на овие дела, исто така содржи „архивска граѓа“ за историјата на македонскиот јазик, литература и култура.
Збирката претставува културно наследство од особено значење-подкатегорија големо значење.

2. Збирка на старопечатени книги на латиница од 16 до 19 век


Збирката се состои од 380 наслови кои датираат од 1566г. до 1954г. на латински, старогрчки, француски, англиски и германски јазик, книги со естетско и техничко обликување од висок квалитет (ex libris, специјална подврска, специфичен формат, оригинални илустрации, гравури и портрети на познати владетели и монарси.), кои имаат историска и уметничка вредност.

Во збирката се содржани: речници, збирки на поеми, есеи, басни, записи од патувања со географски карти, прирачници од областа на природните науки. Збирката има голема важност според својата старост и вредност на податоците, како и според богатството на илуминации. Збирката претставува културно наследство од особено значење – подкатегорија големо значење.


3. Збирка на старопечатени книги на кирилица

Збирката содржи 184 наслови на: македонски, српски, бугарски и руски јазик, поетски и прозни дела, прирачници од областа на историјата, географијата, религија, педагогија и уметност. Збирката претставува значаен дел од македонското движно културно наследство од особено значење – подкатегорија големо значење.

4. Збирка на старопечатени книги на арапски и турски јазик

Збирката е составена од 77 наслови, печатени на арапски и турски јазик. Збирката претставува културно наследство од особено занчење – подкатегорија големо значење.
Старите книги се достапни за разгледување на членовите на библиотеката, со претходна најава и во присуство на библиотекар. Не е дозволено фотокопирање, скенирање и изнесување на книгите надвор од библиотеката.


КОЛЕКЦИЈА НА УМЕТНИЧКИ СЛИКИ

Јадрото на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ го сочинува репрезентативна збирка на стари и ретки книги, но и значајна колекција на уметнички слики, акварели и цртежи од Македонската современа ликовна уметност, кои се единствени по својата вредност.
Преку оваа збирка публиката има ретка можност да се запознае со неколку вредни ремек-дела на Македонската Модерна, меѓу кои и дела на тројца од македонската доајенска седморка, Димитар Аврамовски Пандилов, Вангел Коџоман и Томо Владимирски. Плејада на истакнати ликовни уметници кои оставија свој белег во Македонската Модерна, ја дополнуваат оваа збирка, сопственост на Градската библиотека. Томо Шијак, Глигор Чемерски, Васко Ташковски, Владимир Георгиевски, Трајче Јанчевски, Коле Манев, Данчо Ордев, Гоце Божурски и Димитар Стојчевски Богатството на Градската библиотека прикажано преку колекцијата на уметнички слики претставува скапоцен дел од сведоштвото за историјата на македонската  култура, за творечките настојувања и достигнувања на доајените на Македонската Модерна, нивните следбеници и новите генерации ликовни уменици.

 

Мудрите за книгата


Notice: Trying to get property of non-object in /home/gbskmk/public_html/2015/plugins/content/vote.php on line 23

„Три пати стани порано и на својот живот ќе му додадеш уште еден нов ден.“